Турски новинар: За малку ќе избувнеше тепачка на преговорите меѓу Американците и Иранците

Турски новинар: За малку ќе избувнеше тепачка на преговорите меѓу Американците и Иранците

пред 16 часа

Турскиот новинар и координатор за безбедносна политика на телевизијата Хабертурк, Четинер Четин, објави на социјалните мрежи дека за време на преговорите меѓу иранската и американската делегација во Пакистан се случил сериозен инцидент.

Според него, избувнала остра тензија меѓу иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, и американскиот претставник Стив Виткоф, која за малку не ескалирала во физичка конфронтација.

Несогласување околу Ормускиот теснец
Четин тврди дека причината за конфликтот е длабоко несогласување околу управувањето со Ормускиот теснец.

„Пред неколку минути имаше тензија меѓу министерот Абас Арагчи и Виткоф, која за малку не ескалираше во физичка конфронтација поради сериозно несогласување околу управувањето со Ормускиот теснец“, напиша тој.

Тој ја додаде пораката во објавата: „Никогаш не им се заканувајте на Иранците“, сугерирајќи дека ескалацијата се случила по притисок или закани за време на разговорите.

Тврдењата не се потврдени
Овие тврдења сè уште не се официјално потврдени, но се вклопуваат во поширокиот контекст на неуспешните преговори меѓу САД и Иран во Исламабад, за време на кои не беше постигнат договор за клучните прашања, првенствено нуклеарната програма и безбедноста во Ормутскиот теснец.

Текстот Турски новинар: За малку ќе избувнеше тепачка на преговорите меѓу Американците и Иранците е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top