Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, предупреди дека војната со Иран ќе има долготрајни последици врз глобалната економија и дека Германија се подготвува за значителен економски товар.
„Последиците од оваа војна ќе ги чувствуваме долго, дури и по нејзиниот крај“, изјави Мерц.
Тој додаде дека се очекува товарот да го почувствуваат и германската економија и домаќинствата.
Мерц изрази жалење за пропаѓањето на преговорите меѓу САД и Иран во Исламабад, наведувајќи дека не бил изненаден од исходот и дека дипломатско решение ќе бара време.
Воедно, посочи дека Германија разговара со американската администрација, со страните во конфликтот и со Израел.
Текстот Мерц предупредува: Војната со Иран ќе има долготрајни економски последици е превземен од МАКФАКС.





