Цените на нафтата паднаа под 96 долари

Цените на нафтата паднаа под 96 долари

пред 6 часа

Цените на нафтата паднаа под 96 долари на меѓународните пазари денес, бидејќи инвеститорите беа уверени од сигналите за нова рунда преговори меѓу Иран и САД што би можеле да ја намалат тензијата во Ормутскиот теснец.

На лондонскиот пазар, барелот се тргуваше по 3,67 долари пониска цена од вчера за 95,69 долари. На американскиот пазар, беше за 5,89 долари поевтина и изнесуваше 93,19 долари.

На почетокот на неделата, пазарите беа вознемирувачки поради најавата на САД за блокада на влезот во Ормутскиот теснец.

Поради нападот од страна на САД и Израел, Иран ја презеде контролата врз теснецот, забранувајќи го транзитот на бродови поврзани со САД, Израел и нивните сојузници.

Американскиот претседател Доналд Трамп веќе неколкупати постави рокови за отворање на теснецот кон Иран, а во неделата најави поморска блокада на теснецот, незадоволен од исходот од состанокот меѓу американската и иранската делегација во Исламабад.

Средбата започна во сабота наутро и траеше речиси цел ден, со посредство на пакистански претставници, а тема на дискусија беа условите за прекин на конфликтот, вклучително и транзитот низ Ормутскиот теснец.

Вчера, американската морнарица појасни дека ќе воспостави блокада во Оманскиот Залив и во Арапското Море, источно од Ормутскиот теснец, и ќе ги запре сите бродови. Последователно беше одлучено дека ќе бидат блокирани само бродови со ирански пратки.

Техеран одговори дека блокадата на САД претставува „пиратство“, предупредувајќи дека доколку иранските пристаништа бидат загрозени, пристаништата во Персискиот Залив и Оманскиот Залив нема да бидат безбедни.

фото/ Depositphotos

Текстот Цените на нафтата паднаа под 96 долари е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top