(Видео) Нејмар во расправија со навивачите

(Видео) Нејмар во расправија со навивачите

пред 5 часа

Бразилскиот фудбалски гигант Сантос одигра нерешено 1:1 со парагвајскиот Депортиво Реколета во втората групна фаза од Купот Судамерикана. Ова е разочарувачки резултат за навивачите на Сантос, кои по натпреварот се го критикуваа својот најдобар играч Нејмар, кој го постигна единствениот гол за Сантос на натпреварот.

Некогаш големата фудбалска ѕвезда се скара со нив, а на еден навивач му порача дека е дебел.

„Мора да тренираш повеќе, дебел си. Дали си среќен сега? Дали мислиш дека сум разгален? Давам се од себе. Сега го имаш својот момент на слава“, порача Нејмар во жестока дискусија со еден навивач, пренесува ESPN.

Нејмар, пред една година се врати во Сантос. Во матичниот клуб пристиггна без обесштетување од Ал Хилал.

Оваа сезона одигра осум натпревари, постигна четири гола и запиша три асистенции. Поради повредите што постојано го мачат, не доби повик од селекторот на Бразил, Карло Анчелоти.

Share
Scroll to Top