Во Кичево приведен бегалец од прилепскиот затвор

пред 4 години

Кичевската полиција денеска го привела 41-годишниот Х. Ф. од селото Горно Строгомиште кој се барал со потерница од прилепскиот затвор за доиздржување на казна затвор во траење од една година, еден месец и 20 дена.

Како што информираат од МВР, тој бил осуден за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Според полицискиот извештај, 41-годишникот веќе е спроведен во прилепскиот затвор.

Share
Scroll to Top