„Гардијан“: Велика Британија би можела да изгуби 250.000 работни места до 2027 година

„Гардијан“: Велика Британија би можела да изгуби 250.000 работни места до 2027 година

пред 3 часа

Речиси четвртина милион луѓе во Велика Британија би можеле да ги изгубат своите работни места до средината на следната година, бидејќи земјата „флертува со рецесијата“, покажува нова анализа, откако деловната доверба беше потресена од војната на САД и Израел против Иран.

Додека канцеларката Рејчел Ривс ги покани шефовите на банки на разговори насочени кон ублажување на последиците, два извештаи од водечките сметководствени фирми го истакнаа обемот на економската закана со која се соочува Велика Британија, пишува „The Guardian“.

Според прогнозата на „EY Item Club“, затворањето на Ормускиот теснец од страна на Иран и нападите врз соседните земји, кои ги зголемија цените на нафтата и гасот, претставуваат најголем економски удар од пандемијата. Во исто време, „Deloitte“ објави дека финансиските директори на големите компании веќе ги намалуваат плановите за трошење, што дополнително ќе ја оптовари економската активност и вработеноста.

EY очекува британската економија да стагнира во вториот и третиот квартал од оваа година, што би можело да ја турне земјата во рецесија. Растот треба да се намали од 1,4 проценти во 2025 година на 0,7 проценти во 2026 година.

Невработеноста би можела да се искачи на 5,8 проценти до средината на 2027 година, со губење на околу 250.000 работни места.

– Зголемените трошоци за енергија и прекините во синџирите на снабдување ќе ја доведат Велика Британија до работ на техничка рецесија – изјави главниот економски советник на „EY Item Club“, Мет Свонел.

Меѓународниот монетарен фонд минатата недела ѝ додели на Велика Британија најголемо намалување на прогнозата за раст меѓу земјите од Г7, на 0,8 проценти за 2026 година. EY, исто така, предвидува дека инфлацијата ќе се зголеми на речиси четири проценти во втората половина од 2026 година, што е речиси двојно повеќе од целта на Банката на Англија.

„Deloitte“ објави дека довербата на финансиските директори паднала на најниско ниво од почетокот на пандемијата, додека геополитичките ризици, зголемувањето на цените на енергијата и трошоците за финансирање се идентификувани како најголеми закани.

Текстот „Гардијан“: Велика Британија би можела да изгуби 250.000 работни места до 2027 година е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top