Пакистан најавува позитивен развој околу Иран

Пакистан најавува позитивен развој околу Иран

пред 3 часа

Пакистан очекува „наскоро позитивен развој на настаните“ поврзани со Ормускиот теснец и Иран, по телефонски разговор меѓу началникот на армијата Асим Мунир и американскиот претседател Доналд Трамп, пренесуваат владини извори.

Интензивните дипломатски напори на Пакистан го отвораат патот за втор круг американско-ирански преговори, кои наскоро би можеле да се одржат во главниот град Исламабад.

„Очекуваме наскоро позитивен развој на настаните“, изјавиле изворите, мислејќи на разговорот меѓу Мунир и Трамп, во кој станало збор за посредничката улога на Пакистан и американската блокада на Ормускиот теснец.

Трамп изјавил дека ќе „го разгледа советот“ на генералот Мунир, кој му посочил дека блокадата на теснецот од страна на американските сили останува „пречка“ за можниот втор круг разговори со Иран, велат пакистански извори.

Пловниот пат е практично затворен откако САД и Израел започнаа напади врз Иран на 28 февруари.

Техеран во петокот го прогласил теснецот за отворен, но го затвори веќе следниот ден, откако Трамп најави дека блокадата на иранските пристаништа ќе продолжи.

Текстот Пакистан најавува позитивен развој околу Иран е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top