Трамп до Иран: Преговарајте или ќе се соочите со огромни проблеми

Трамп до Иран: Преговарајте или ќе се соочите со огромни проблеми

пред 4 часа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е уверен дека Иран ќе се согласи на разговори, но предупреди дека ако одбие, земјата ќе се соочи со огромни проблеми.

„Или ќе преговараат, или ќе се соочат со проблеми какви што никогаш порано не виделе“, рече Трамп во телефонско интервју за конзервативната радио емисија „Шоуто на Џон Фредерикс“, објави Ал Џезира.

Услов за договорот
„Се надевам дека ќе склучат фер договор и ќе ја обноват својата земја, но кога ќе го направат тоа, нема да имаат нуклеарно оружје. Нема да имаат пристап или можност да го добијат. Не можеме да го дозволиме тоа“, рече тој.

„Тоа може да значи уништување на светот, а ние нема да го дозволиме тоа“, додаде тој.

„И морам да кажам, во врска со Иран, немавме избор. Навистина немавме избор. Моравме да го направиме тоа“, заклучи Трамп.

Текстот Трамп до Иран: Преговарајте или ќе се соочите со огромни проблеми е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top