
Францускиот претседател Емануел Макрон испрати јасна порака до Доналд Трамп дека Европа има капацитет самостојно да се брани, повикувајќи се на неодамнешната воена поддршка за Кипар како доказ дека европските механизми функционираат и без директна улога на САД.
Во изјава дадена за време на неговата посета на Грција, Макрон нагласи дека клаузулата за заемна помош од договорите на Европска Унија не е формалност, туку реален безбедносен инструмент кој веќе бил активиран.
Тој ја посочи интервенцијата на неколку европски држави кои испратиле воена помош на Кипар по нападот со беспилотно летало врз британска воздухопловна база на 28 февруари, оценувајќи го тој потег како доказ дека европската одбрана може да функционира и без директна поддршка од НАТО.
Текстот Макрон до Трамп: Европа може да се брани сама е превземен од МАКФАКС.





