Муцунски за нападот врз Трамп: Насилството нема место во демократските општества

Муцунски за нападот врз Трамп: Насилството нема место во демократските општества

пред 3 часа

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска изрази длабока загриженост по синоќешниот вооружен инцидент што се случи за време на вечерата на Здружението на дописници од Белата куќа во Вашингтон.

Муцунски во објава на Икс истакна дека насилството нема место во демократските општества, без разлика дали е насочено кон избрани лидери, јавни службеници, новинари или граѓани.

-Ми олесна што претседателот Доналд Трамп, првата дама и останатите присутни се безбедни, и му посакувам брзо закрепнување на повредениот офицер на Тајната служба.“, напиша Муцунски на Икс и упати и порака за брзо закрепнување на повредениот припадник на Тајната служба.

Муцунски порача дека Македонија стои заедно со Соединетите Американски Држави во заштита на демократијата, јавната безбедност и принципите на кои се темелат слободните општества.

Текстот Муцунски за нападот врз Трамп: Насилството нема место во демократските општества е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top