(Видео) Црвена звезда во дербито против Партизан ја одбрани титулата

(Видео) Црвена звезда во дербито против Партизан ја одбрани титулата

пред 3 часа

Фудбалерите на Црвена звезда го победија Партизан, во 179-то градско дерби со 3:0 и ја освоија 37-та шампионска титула.

Убедливо и ефикасно, тимот на Дејан Станковиќ ја потврди својата доминација, во српската Суперлигаи го освои деветтиот пехар во последните девет години.

Играчите во црвено-бели дресови одиграа брилијантно против својот најголем ривал, ја презедоа иницијативата од самиот почеток и со три ефектни гола, четири кола пред крајот на првенството, ја одбранија титулата.

Се започна со гол на Ераковиќ во 18-та минута, а во второто полувреме погодија левиот и десниот бек, Авдиќ за 2:0 и Сеол за потврда на победата.

Foto/ Pedja Milosavljevic/STARSPORT

Share
Scroll to Top