(Видео) Крај на сезоната за Модриќ – На СП ќе игра со маска

(Видео) Крај на сезоната за Модриќ – На СП ќе игра со маска

пред 3 часа

Навивачите на фудбалската репрезентација на Хрватска, добија лоши вести од Милано. Капитенот, Лука Модриќ, претрпе двојна фрактура на јаболчницата, поради што неговата сезона во дресот на Милан е завршена.

Иако првите информации предизвикаа стравувања дека неговиот настап на Светското првенство е доведен во прашање, заминувањето на Модриќ во Америка не треба да биде доведено во прашање и веројатно ќе игра со заштитна маска, пишува „Спортске Новости“.

Модриќ се повреди во судир со Мануел Локатели во дербито од 34-то коло од Серија А помеѓу Милан и Јувентус (0:0).

Десет минути пред крајот, Модриќ и капитенот на Јувентус се судрија во воздушен дуел. Капитенот на Јувентус беше добро, но Модриќ претрпе сериозен удар.

Повредата на Модриќ е голем удар и за Хрватска, но до првиот натпревар на Светското првенство остануваат уште 50 дена, па се очекува Лука да се опорави на време. Сепак, прашањето е како ќе биде по паузата. Во овој момент не е одлучено дали ќе се подложи на операција или ќе се лекува со конзервативен метод.

Дополнителна загриженост создава фактот што моментално се надвор од теренот. Освен Модриќ, повреден е и Јошко Гвардиол.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top