Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, истакна дека актуелната генерација носи силна визија и одговорност за развојот на градот, нагласувајќи дека станува збор за луѓе кои активно работат на реализација на клучни инфраструктурни проекти.
„Ова е генерација која гради, која ја враќа Битола на мапата на Македонија, генерација која создава услови за изградба на автопат и не ја пропушта можноста да придонесе за својот град со посветена работа“, изјави Коњановски.
Тој потенцираше дека со континуирана посветеност и јасна стратегија, Битола се движи кон побрз економски развој и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.





