Портпарол на иранската војска изјави за државната телевизија дека војната, и покрај прекинот на огнот, не е завршена за Иран. Изјавата дојде кратко време по најновата објава на Доналд Трамп на социјалните мрежи, објавува Гардијан.
„Ситуацијата сè уште се смета за воена состојба, а базата на податоци за целите и опремата на нашите сили е ажурирана“, рече портпаролот.
Осврнувајќи се на ситуацијата во Ормутскиот теснец, портпаролот откри и дека контролата е поделена помеѓу редовната армија и Револуционерната гарда. Тој објасни дека западниот дел од теснецот е контролиран од Револуционерната гарда, додека источниот дел е под контрола на редовната армија на Исламската Република.
Доналд Трамп во повеќе наврати тврдеше дека иранскиот режим е внатрешно поделен и дека не е јасно кој всушност ја држи власта во земјата.
Текстот Портпарол на иранската војска: Војната не е завршена за нас е превземен од МАКФАКС.






