Поголемиот дел од високо збогатениот ураниум на Иран веројатно е сè уште во нуклеарниот комплекс во Исфахан, и покрај воздушните напади на локацијата минатата година и за време на поновите конфликти, изјави шефот на агенцијата за нуклеарна енергија на ОН, пренесува АП.
Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси, во интервју изјави дека агенцијата има сателитски снимки кои ги покажуваат последиците од воздушните напади на САД и Израел врз Иран и дека продолжува да собира нови информации.
Инспекциите на МААЕ во Исфахан беа прекинати минатиот јуни, кога Израел започна 12-дневна војна, за време на која САД бомбардираа три ирански нуклеарни објекти. Според проценките на агенцијата, голем дел од високо збогатениот ураниум потоа бил складиран на таа локација и, се верува, сè уште е таму денес.
„Не можеме да го потврдиме тоа со инспекција, но не можеме да негираме дека материјалот е сè уште таму, заедно со печатите на МААЕ. Ова е нашата најдобра проценка“, рече Гроси.
Сателитските снимки покажуваат дека непосредно пред почетокот на конфликтот во јуни 2025 година, камион со 18 сини контејнери, за кои се верува дека содржат високо збогатен ураниум, бил внесен во тунелот во Центарот за нуклеарна технологија Исфахан. Се претпоставува дека овие контејнери се сè уште на истата локација.
фото/Depositphotos
Текстот Агенција за атомска енергија: Поголемиот дел од збогатениот ураниум сè уште е во Иран е превземен од МАКФАКС.




