САД бараат меѓународна коалиција за обезбедување на Ормускиот Теснец

САД бараат меѓународна коалиција за обезбедување на Ормускиот Теснец

пред 3 часа

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп бара меѓународна коалиција за обезбедување на Ормутскиот Теснец, откако Иран го блокираше клучниот поморски премин, пренесува „Скај њуз“, повикувајќи се на документ во кој увид имал NBC News.

Новата иницијатива, наречена „Maritime Freedom Construct“, предвидува координација на дипломатски и економски мерки против Иран, како и размена на разузнавачки информации за безбеден транзит на бродовите.

Во документот се наведува дека иницијативата треба да ги надополни напорите што веќе ги предводат Велика Британија и Франција.

Барањето за соработка доаѓа и покрај неодамнешните остри критики на Трамп кон европските сојузници и НАТО, за кои тој изјави дека не му помогнале во кризата.

Во меѓувреме, американски претставници потврдија дека САД повлекуваат околу 5.000 војници од Германија, а Трамп најави дека е можно повлекување и од Италија и Шпанија.

Текстот САД бараат меѓународна коалиција за обезбедување на Ормускиот Теснец е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top