Трамп испраќа оружје вредно 8 милијарди долари на Блискиот Исток: „Постои вонредна состојба“

Трамп испраќа оружје вредно 8 милијарди долари на Блискиот Исток: „Постои вонредна состојба“

пред 5 часа

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп забрзано одобри испорака на оружје вредно осум милијарди долари за Израел, Катар, Обединетите Арапски Емирати и Кувајт, повикувајќи се на „вонредна состојба“.

Според Стејт департментот, државниот секретар Марко Рубио оценил дека постои итна потреба за продажбата, со што е заобиколена вообичаената процедура во Конгресот.

Пакетот вклучува системи за противвоздушна одбрана, ракети со ласерско наведување и проектили за системот „Патриот“.

Како што пренесува Си-Ен-Ен, ова не е првпат администрацијата на Трамп да користи итна процедура за забрзување на испораки на оружје од почетокот на конфликтот со Иран.

Текстот Трамп испраќа оружје вредно 8 милијарди долари на Блискиот Исток: „Постои вонредна состојба“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top