Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот на Европската политичка заедница во Ерменија

Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот на Европската политичка заедница во Ерменија

пред 2 часа

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Република Ерменија по повод учеството на 8. Самит на Европската политичка заедница којшто се одржува во Ереван под мотото „Градејќи иднина: единство и стабилност во Европа“.

Сиљановска-Давкова ќе учествува на тркалезната маса на тема „Зајакнување на поврзаноста и економската безбедност во контекст на зелената транзиција“, со којашто ќе претседаваат премиерите на Хрватска и Норвешка, Андреј Пленковиќ и Јонас Гар Шторе. Во дискусијата, предвидено е учество на: премиерите на Белгија, Канада, Грузија, Словачка и Обединетото Крaлство, сојузниот канцелар на Австрија, генералниот секретар на ОБСЕ, како и на претседателката на Европската комисија.

Во рамки на посетата, претседателката Сиљановска-Давкова ќе оствари билатерална средба со претседателот на Република Ерменија, Вахан Хачатурјан.

Текстот Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот на Европската политичка заедница во Ерменија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top