Утрото ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.
Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 24 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на релативно топло време. Од вторник ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од јужен правец, а кон крајот на седмицата се очекуваат повремени локални врнежи од дожд.
Текстот Утрото ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот сончево со мала локална облачност е превземен од МАКФАКС.





