(Фото+видео) Голем пожар во зоната околу Чернобил

(Фото+видео) Голем пожар во зоната околу Чернобил

пред 2 дена

Голем пожар избувна во зоната околу Чернобилска нуклеарна централа, а неговата површина во последните 24 часа се зголемила речиси десетпати.

Според Државниот научно-технички центар за нуклеарна и радијациска безбедност на Украина, пожарот во моментов не претставува радијациска закана за населението надвор од зоната на исклучување.

Надлежните соопштија дека постојано ја следат состојбата, движењето на чадот и временските услови, како и можноста за ширење на радиоактивни честички.

Раководителот на лабораторијата за проценка и прогноза на радиоактивни последици, Јуриј Кириленко, изјави дека досегашните моделирања не покажуваат опасност за населението надвор од зоната.

Тој нагласи дека најголем ризик постои за пожарникарите и персоналот кој директно учествува во гаснењето на пожарот, поради можен контакт со чад и радиоактивна прашина.

Пожарникарите користат специјална заштитна опрема

Според украинските власти, можно е одредено изложување на радијација во самата зона на пожарот, но спасувачките екипи користат специјална заштитна опрема.

Експертите предупредуваат дека поради високите температури и долготрајното горење, чадот и честичките може да се издигнат во повисоките слоеви на атмосферата и да се пренесат на поголеми растојанија.

Во одредени подрачја, радиоактивните честички би можеле краткотрајно да се таложат на земјата преку дожд или прашина.

Нема зголемена радијација во соседните држави

Украинските експерти наведуваат дека пожарите не создаваат нова радијација, туку можат само да предизвикаат прераспределба на веќе постоечките радиоактивни материи во околината.

Во моментов нема индикации за радијациско загадување надвор од зоната околу Чернобил.

И Латвија соопшти дека не е регистрирано зголемување на нивото на радијација на нејзина територија.

Текстот (Фото+видео) Голем пожар во зоната околу Чернобил е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top