СЗО и Шпанија за епидемијата на хантавирус: Ситуацијата е под контрола, нема знаци на ширење

СЗО и Шпанија за епидемијата на хантавирус: Ситуацијата е под контрола, нема знаци на ширење

пред 13 часа

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус се сретна во Палатата Монкло со шпанскиот премиер Педро Санчез за да разговараат за операцијата спроведена по епидемијата на хантавирус на крузерот „MV Hondius“.

Тедрос оцени дека СЗО побарала помош од Шпанија, бидејќи ситуацијата ги надминала капацитетите на Зеленортските Острови, кои во тој момент биле најблиску до местото на инцидентот, објави „Ел Паис“.

Тој го намали ризикот од поширока епидемија, наведувајќи дека „во моментов ништо не укажува на поголемо ширење“ на вирусот, но предупреди дека ситуацијата сè уште се следи поради долгиот период на инкубација.

Текстот СЗО и Шпанија за епидемијата на хантавирус: Ситуацијата е под контрола, нема знаци на ширење е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top