Тешка несреќа се случи денес во Белград, кога трамвај излета од шините и удри во зграда. Во несреќата има повредени, но засега не се познати повеќе детали.
Според првите информации од местото на настанот, трамвајот излетал од шините под сè уште неразјаснети околности, по што удрил во зграда до патот, пренесуваат тамошните медиуми.
Силниот судир предизвикал голема материјална штета на трамвајот, но и на фасадата на зградата во која удрил.
Sve su pokvarili, sve.
Dorćol upravo. pic.twitter.com/CxYNUdx6qa— Ana Mirkovic (@ana_mirkovic) May 25, 2026
Екипи на брза помош, полиција и противпожарна служба се на местото на настанот.
Според првичните информации, во несреќата има повредени лица, но степенот на нивните повреди и точниот број на повредени патници засега не се официјално потврдени.
Текстот (Видео) Трамвај удри во зграда: тешка несреќа во Белград е превземен од МАКФАКС.




