Топлината ги проширува живеалиштата на комарците, Европа би можела да стане жариште за опасен вирус, предупредуваат експерти

пред 3 часа

Зголемувањето на глобалните температури би можело да ги прошири областите погодни за живеење на комарците и да го зголеми ризикот од ширење на вирусот „чикунгуња“ низ целиот свет, според нова студија објавена во научното списание „Frontiers in Cellular and Infection Microbiology“.

„Бидејќи овој комарец е потолерантен на постудени услови, затоплувањето би можело да му овозможи да колонизира области кои претходно биле премногу ладни“, објасни коавторот на студијата Јанг Ву, додавајќи: „Кога соодветни видови комарци ќе се воспостават во нови области, потенцијалот за локално пренесување на „чикунгуња“ се зголемува.“

Истражувачите, исто така, откриле дека повисоките температури го забрзуваат развојот на вирусот во внатрешноста на комарецот. На температури помеѓу 18 и 28 степени Целзиусови, вирусот станува подготвен за пренесување четири до пет пати побрзо, зголемувајќи го ризикот од епидемии.

Европа и Северна Америка меѓу идните жаришта
Научниците предупредуваат дека „чикунгунија“ станува глобална закана по здравјето. Локалниот пренос на болеста веќе е регистриран во 114 земји, ставајќи повеќе од три четвртини од светската популација во потенцијален ризик.

Стапката на смртност се проценува на околу 1,3 случаи на илјада заразени, а болеста предизвикува околу 284.000 години изгубен здрав живот годишно, индикатор што се користи за мерење на последиците од болестите и инвалидитетот.

За да се процени идното ширење на болеста, истражувачите анализирале десетици илјади геолокациски податоци за присуството на вирусот и два вида вектори на комарци низ целиот свет.

Здравствените системи мора да се подготват
Според Панамериканската здравствена организација, повеќе од 502.000 случаи на „чикунгунија“ и 186 смртни случаи се пријавени глобално во 41 земја во 2025 година.

Авторите на студијата предупредуваат дека климатските промени дополнително ќе го зголемат товарот на болеста со значително менување на моделите на ширење на заразните болести.

„Граѓаните не треба да паничат, но здравствените системи мора да се подготват навреме“, предупредија експертите.

Текстот Топлината ги проширува живеалиштата на комарците, Европа би можела да стане жариште за опасен вирус, предупредуваат експерти е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top