Компанијата Xiaomi ги претстави најновите членови на својата T серија на паметни телефони, која ја сочинуваат моделите Xiaomi 17T и Xiaomi 17T Pro. Комбинирајќи напредна Leica 5x телефото камера, екран што го штити видот и батерија со исклучително голем капацитет, серијата Xiaomi 17T носи flagship искуство за креирање визуелна содржина, спакувано во софистициран дизајн. Воведувајќи за првпат две големини на уреди во Т серијата, оваа линија е создадена со цел на модерните корисници да им пружи врвно корисничко искуство.

Покрај технолошките иновации, по повод лансирањето на оваа серија, Xiaomi за сите купувачи обезбеди и исклучителни поволности. За време на промотивниот период, кој трае од 1 јуни до 28 јуни или до истекот на залихите, сите што ќе се одлучат за купување на новите модели добиваат вредни подароци преку многу едноставен процес.

Доколку се одлучите за премиум моделот Xiaomi 17T Pro, кој е достапен во конфигурација од 512 GB по цена од 59.999,00 ден., по регистрацијата на веб-страницата, на подарок добивате паметен телевизор Xiaomi TV A 43 2026.

Од друга страна, доколку се определите за моделот  Xiaomi 17T, кој доаѓа по цена од 42.999,00 ден. за верзијата од 256 GB, односно 48.999,00 ден. за моделот со 512 GB интерна меморија, на подарок добивате одличен асистент за чистење на домот – робот правосмукалка Xiaomi Robot Vacuum S40.

Претворете ги моментите во живи приказни со The Telephoto Master и Leica Live Moment

Комбинирајќи ја оптиката на Leica со најсовремената технологија за обработка на слика на Xiaomi, серијата Xiaomi 17T носи систем на тројна камера предводен од главната камера од 50 MP, дизајнирана за снимање кристално јасни фотографии. Моделот Xiaomi 17T Pro е опремен со исклучително голем сензор од 1/1,31 инчи, додека Xiaomi 17T поседува сензор од 1/1,55 инчи. Двата модели го комбинираат оптичкиот дизајн Leica UltraPure со хибридна Leica Summilux структура на леќи (1G + 6P), која е препознатлива по репродукцијата на фини детали со исклучителна острина. Големиот отвор на блендата кај целата серија обезбедува супериорен динамички опсег и прекрасно рендерирана длабочина на полето, односно боке (bokeh) ефект.

За првпат, серијата Xiaomi 17T носи Leica 5x телефото камера на двата модели во рамките на T серијата, редефинирајќи ја сестраноста на целата линија. Камерата испорачува фотографии со резолуција од 50 MP со оптичка стабилизација на сликата (OIS) и исклучителен опсег – од најситните детали забележани преку макро фотографија од оддалеченост од 30 cm, па сѐ до 10x зумирање со оптички квалитет и до 120x AI Ultra зум. Ова овозможува непречено фотографирање и снимање на блиски и оддалечени субјекти, нудејќи им на креативците голема флексибилност меѓу фокусните должини.

Покрај фотографијата, телефото системот го унапредува и видеоснимањето, особено кај моделот Xiaomi 17T Pro, кој воведува прво кинематографско снимање во 4K резолуција при 60 fps на паметните телефони на Xiaomi, нудејќи природен ефект на заматување на позадината за поимпресивно визуелно искуство. Специјализираните режими, како што е Stage, дополнително ги подобруваат перформансите во услови на сложено осветлување за фотографии и видеозаписи, осигурувајќи дека концертите, настапите и другите сцени ќе бидат забележани со максимална јасност.

Поместувајќи ги границите на традиционалната статична фотографија, серијата Xiaomi 17T ја воведува функцијата Leica Live Moment, која не го бележи само клучниот момент, туку и движењето и емоцијата што му претходеле. Leica Live Moment ги зачувува движењата и минливите изрази на лицето, додавајќи поголема длабочина и контекст на секојдневните сцени. Поддржана на сите фокусни должини на задната камера, оваа функција носи динамични визуелни записи проткаени со препознатливата естетика на Leica, осигурувајќи доследен визуелен стил од сите перспективи. Резултатот е поекспресивно и понијансирано раскажување кое надминува еден кадар, доловувајќи ја емоцијата и наративот во секоја снимка.

Функцијата Leica Live Portrait ги проширува овие можности на портретниот режим на работа, додавајќи природен боке ефект кој го нагласува одвојувањето на субјектот од позадината, додека истовремено ја задржува флуидноста на движењето. Ексклузивните, новодизајнирани водни жигови (watermarks) на Leica се достапни за снимките направени со функцијата Leica Live Moment, а повеќе моменти може да се комбинираат во колажи погодни за споделување на социјалните мрежи.

Функцијата Live cinematography, ексклузивна за Xiaomi 17T Pro, носи дополнителни креативни опции со Ultra-HD Live Moment во 4K резолуција, како и мазни ефекти на зумирање преку режимите Freestyle или Portrait Live кинематографија.¹

Flagship искуство на екранот: баланс на визуелна извонредност и паметна заштита на видот

Серијата Xiaomi 17T ги става потребите на корисниците во преден план, интегрирајќи напредна технологија за заштита на очите во своите екрани преку премиерното претставување на системот Xiaomi Vision Care.² Воден од медицински истражувања и прецизен инженеринг, овој екран автоматски се приспособува на светлосните услови во опкружувањето и ефикасно управува со сината светлина, треперењето (flickering) и заматувањето при движење (motion blur), со цел да обезбеди целодневна удобност при користењето. Благодарение на овие иновации, серијата Xiaomi 17T е првата што добила четирикратен сертификат од компанијата TÜV Rheinland за заштита на очите, како и првиот уред на Xiaomi со сертификат TÜV Rheinland Intelligent Eye Care.

Во срцето на ова извонредно визуелно искуство се наоѓа 1.5K AMOLED екранот со максимална осветленост од 3500 нита, кој нуди јасен квалитет на сликата и висока прецизност на боите дури и под директна, силна сончева светлина. Xiaomi 17T Pro оди чекор понатаму, подобрувајќи го гледањето во ултратемни ноќни услови со минимална осветленост од 1 нит на хардверско ниво.

Приказот на содржината не само што е кристално јасен, туку е и исклучително мазен благодарение на високата стапка на освежување (refresh rate) што се нуди во целата серија – до 144 Hz кај Pro варијантата³ и 120 Hz кај основната верзија. Екранот е опкружен со ултратенки рамки кои создаваат доживување на целосно спојување со содржината, насочувајќи го вниманието на самиот приказ. Важно е да се истакне дека Xiaomi 17T Pro го постигнува тоа со помош на иновативното LIPO решение за пакување на компонентите, што резултира со симетрични рамки од 1,29 mm на сите четири страни.⁵ Од друга страна, Xiaomi 17T доаѓа во покомпактна форма со аеродинамичен и лесен дизајн, оптимизиран за лесно ракување со една рака, што е идеално за корисниците кои ги ценат преносливоста и практичноста.

Овој екран дополнително го нагласува серијата на завршни обработки кои го спојуваат безвременскиот дизајн со модерниот стил, благодарение на најновите технологии и изработка. Xiaomi 17T Pro е достапен во софистицирана сина (Deep Blue), елегантна виолетова (Deep Violet) или класична црна боја (Black).⁴ Во меѓувреме, Xiaomi 17T е достапен во три експресивни бои, вклучувајќи етерична виолетова (Violet), нежно сина (Blue) или класична црна (Black).⁴ Префинетата брусена завршна обработка што се протега долж рабовите обезбедува уреден и модерен изглед, додека помалиот, спуштен модул на камерата придонесува за елегантна силуета. Микро-закривените рабови обезбедуваат природно и удобно чувство при држењето во рака.

Моќност и перформанси без компромис

Овие напредни камери и визуелни искуства кај серијата Xiaomi 17T се овозможени благодарение на моќните перформанси кои ја придвижуваат целата линија. Двата модели воведуваат силициум-јаглеродна (silicon-carbon) технологија на батерии од следната генерација, постигнувајќи поголема густина на енергија со зачувување на долгорочните перформанси.

Батеријата на моделот Xiaomi 17T Pro со капацитет од 7000 mAh⁶ е најголемата батерија на еден паметен телефон на Xiaomi на меѓународните пазари,⁷ со зголемување на капацитетот од 27% во однос на претходната генерација.⁵ Таа обезбедува во просек 1,88 дена користење за типичните корисници, како и целодневна енергија дури и за најзахтевните корисници.⁸ Поддржано е и жично полнење од 100W HyperCharge, како и безжично полнење од 50W HyperCharge за брзо дополнување кога и да е потребно.⁹ Од друга страна, и покрај покомпактниот дизајн, Xiaomi 17T е опремен со батерија од 6500 mAh⁶, што претставува 18% поголем капацитет во споредба со претходната генерација.⁵ Во комбинација со технологијата HyperCharge од 67W¹⁰, корисниците имаат обезбедена автономија во текот на целиот ден. Двата модели, Xiaomi 17T Pro и Xiaomi 17T, се компатибилни со полначи од трети страни благодарение на поддршката за PPS стандардите од 100W⁹, односно 50W¹⁰.

Максималната ефикасност на батеријата ја овозможуваат два високооптимизирани чипсети, дизајнирани за долготрајни високи перформанси. Xiaomi 17T Pro е придвижуван од MediaTek Dimensity 9500, изработен во 3nm процес, додека Xiaomi 17T поседува MediaTek Dimensity 8500-Ultra со 4nm архитектура. Двата чипсети носат значителни унапредувања во поглед на перформансите на процесорот (CPU), графичкиот чип (GPU) и вештачката интелигенција (AI), овозможувајќи брз одзив за време на напреден мултитаскинг и играње игри од следната генерација. За да се одржи ова врвно ниво на перформанси, системот Xiaomi 3D IceLoop обезбедува напредно управување со топлината преку ефикасно одвојување на пареата и течноста. Со брзо одведување на топлината од главниот чипсет, овој систем ја подобрува стабилноста на уредот и осигурува телефонот да остане пријатен за држење, дури и под големо оптоварување.

Xiaomi 17T и Xiaomi 17T Pro носат сеопфатни унапредувања во сите сегменти, вклучувајќи го подобрениот систем на камери со иновативната функција Leica Live Moment и високосестраниот телефото објектив, зголемениот капацитет на батеријата и многу други функции, подигнувајќи ја T серијата на Xiaomi на сосема ново ниво.

________________________________________

Напомени

¹ Оваа функција ќе биде достапна преку ажурирање на софтверот (OTA), почнувајќи од 28 мај 2026 година.

² Овој производ не е медицински уред. Неговите функции не се предвидени за медицинска употреба и не се наменети за предвидување, дијагностицирање, спречување или лекување на која било болест.

³ Екранот поддржува максимална стапка на освежување од 144 Hz. Стапката на освежување на екранот може благо да се разликува во зависност од интерфејсот на апликацијата и квалитетот на сликата во игрите. Меродавно е вистинското корисничко искуство.

⁴ Достапноста на боите може да варира во зависност од пазарот.

⁵ Податоците се добиени од тестирања во интерните лаборатории на компанијата Xiaomi; вистинските резултати може да варираат.

⁶ Се однесува на типичната вредност на капацитетот на батеријата на паметниот телефон.

⁷ Важи за периодот до мај 2026 година.

⁸ Податоците се базираат на резултатите од тестирањата во интерните лаборатории на компанијата Xiaomi, мерени во симулирано сценарио за сеопфатно траење на батеријата што одразува интензивна секојдневна употреба (вклучувајќи типични активности на паметен телефон како што се користење на почетниот екран, повици, репродукција на музика, играње игри, социјални мрежи, е-пошта, мапи, стримување видеосодржини, користење на камерата, прелистувачот, режим на мирување итн.). Вистинските резултати може да варираат поради разликите во опкружувањето за тестирање, верзијата на софтверот, мрежните услови и индивидуалните навики на користење.

⁹ Ве молиме консултирајте се со локалниот продавач за достапноста на струјни адаптери во пакувањето. Поддржува полнење до 100W со адаптери компатибилни со PPS стандардот. Вистинските перформанси може да варираат. Безжичниот полнач се продава одделно.

¹⁰ Ве молиме консултирајте се со локалниот продавач за достапноста на струјни адаптери во пакувањето. Поддржува полнење до 50W со адаптери компатибилни со PPS стандардот. Вистинските перформанси може да варираат.

За компанијата

Компанијата Xiaomi е основана во април 2010 година, а е вклучена во главниот одбор на берзата во Хонгконг на 9 јули 2018 година. Xiaomi е компанија која произведува паметни телефони и уреди поврзани на IoT платформа.

Со визијата која гласи „Спријателете се со корисниците и бидете најдобрата компанија во срцата на корисниците“, Xiaomi постојано се стреми кон иновации, висококвалитетно корисничко искуство и оперативна ефикасност. Компанијата неуморно гради фантастично портфолио на производи по пристапни цени, со цел секој во светот да може да ужива во подобар живот со користење на иновативна технологија.

Xiaomi е една од водечките светски компании за паметни телефони. Во декември 2025 година, MAU (месечно активни корисници) достигна приближно 754,1 милиони ширум светот. Компанијата, исто така, ја воспостави водечката потрошувачка AIoT (AI+IoT) платформа во светот, со 1.079,2 милиони поврзани паметни уреди до 31 декември 2025 година, со исклучок на паметните телефони, таблетите и лаптопите. Во октомври 2023 година, Xiaomi ја унапреди својата корпоративна стратегија под името „Human × Car × Home“, спојувајќи ги личните уреди, паметните апарати за домаќинство и автомобилите. Xiaomi секогаш се фокусира на луѓето и е посветена на обезбедување сеопфатно, подобро поврзано искуство. Производите на Xiaomi се присутни во повеќе од 100 земји и региони ширум светот. Во август 2024 година, Xiaomi по седми пат по ред е вклучена на листата Fortune Global 500.

Xiaomi е дел од индексот Hang Seng, индексот Hang Seng China Enterprises, индексот Hang Seng TECH и индексот Hang Seng China 50.