Жолто предупредување во Холандија и Белгија: најавена  силна бура

Жолто предупредување во Холандија и Белгија: најавена силна бура

пред 4 часа

Метеоролошките институти на Холандија и Белгија денес издадоа жолти предупредувања поради грмотевици, силен ветер, град и обилни врнежи што би можеле да предизвикаат локални штети и прекини во сообраќајот во текот на денот.

Холандскиот метеоролошки институт (KNMI) предупреди дека дождовите што ја погодија земјата во текот на утрото ќе се развијат во посилни грмотевици што ќе се движат од југозапад кон североисток, објавува „NL Times“.

Се очекуваат налети на ветер до 70 километри на час, град со дијаметар до два сантиметри и помеѓу 20 и 30 милиметри дожд за краток временски период.

Жолто временско предупредување е издадено за речиси цела Холандија, освен за покраината Зеланд.

Метеоролозите наведуваат дека постои зголемен ризик од локални штети поради удари од гром, силен ветер и интензивни врнежи од дожд, особено во североисточните делови на земјата.

Метеоролозите предупредуваат на обилни врнежи од дожд, кои локално можат да достигнат и до 40 милиметри во рок од 24 часа, како и силни налети на ветер.

Поради зголемениот ризик од бури, белгиските власти го активираа бројот 1722, наменет за граѓани на кои им е потребна помош поради штети предизвикани од бури или поплави, додека бројот 112 останува резервиран за ситуации кои го загрозуваат животот.

Според прогнозите, нестабилното време во Холандија ќе трае до крајот на работната недела, додека за викендот се очекува намалување на веројатноста за врнежи и повеќе сончеви интервали, пренесува Танјуг.

Текстот Жолто предупредување во Холандија и Белгија: најавена силна бура е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top