Зеленски бара од меѓународната заедница да изврши притисок врз Русија

Зеленски бара од меѓународната заедница да изврши притисок врз Русија

пред 3 часа

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави, по рускиот напад врз фабриката за храна за бебиња во регионот Киев, дека меѓународната заедница мора да изврши притисок врз Русија да ја прекине војната и да премине кон дипломатско решение на конфликтот.

Зеленски изјави дека во нападот врз фабриката, која произведува храна за бебиња, загинале четири лица, додека седум лица се повредени.

„Русија ја продолжува својата војна против животот и секој што ѝ помага на Украина навистина учествува во нејзината одбрана“, рече Зеленски на Телеграм.

Според него, меѓу целите на руските напади во последните денови биле складишта за храна и поштенски објекти во регионот Днепропетровск, амбуланта во Херсон, училишна зграда во регионот Сумски, пристанишна инфраструктура во регионот Одеса, како и станбени згради и клиника во регионот Харков.

Зеленски им се заблагодари на сојузниците за нивната воена и финансиска помош, нагласувајќи дека пакетите за поддршка, системите за воздушна одбрана и санкциите против Русија придонесуваат за заштита на животите на граѓаните.

„Важно е сите да ја принудиме Русија да ја заврши војната и да премине на дипломатија“, додаде тој.

Спасувачките екипи сè уште работат на местото на нападот во областа Бровар во регионот Киев, каде што бараат уште две лица под урнатините.

Еден ден претходно, претседателот на Украина објави отворено писмо до Владимир Путин, во кое му предложи на рускиот лидер да одржи личен состанок за да разговара за начините за завршување на војната.

Текстот Зеленски бара од меѓународната заедница да изврши притисок врз Русија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top