„Вреди“: Двегодишниот извештај на Собранието ја потврдува посветеноста на промените и развојот

„Вреди“: Двегодишниот извештај на Собранието ја потврдува посветеноста на промените и развојот

пред 7 часа

Собранието на Република Северна Македонија, под раководство на претседателот Африм Гаши, во изминатите две години постигна значајни резултати во унапредувањето на законодавството и зајакнувањето на институционалното функционирање, велат од „Вреди“.

Во двегодишниот извештај што Гаши го презентираше пред сопретседателите на „Вреди“, Изет Меџити и Билал Касами, беа истакнати дел од најзначајните закони и реформи, меѓу кои Законот за Медресата, Законот за поддршка на инвестициите, Законот за правична и соодветна застапеност, Колективните договори за универзитетите како и реформите во високото образование. Исто така, беше истакнато дека во собраниска процедура се наоѓаат и низа закони од реформската агенда.

„Вреди“ оценува дека овие достигнувања претставуваат потврда за посветеноста кон унапредување на правата на граѓаните, поттикнување на економскиот развој и градење поефикасни и пофункционални институции во служба на сите граѓани.

Текстот „Вреди“: Двегодишниот извештај на Собранието ја потврдува посветеноста на промените и развојот е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top