Трамп: „Нè изневерија, ќе им го запомнам тоа“

Трамп: „Нè изневерија, ќе им го запомнам тоа“

пред 4 часа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „не се согласува“ со одлуката за вооружување на курдските милитанти во Ирак со цел да се обиде да го собори иранскиот режим на почетокот на војната.

Се проценува дека протекувањето информации до медиумите, лобирањето од меѓународни актери, вклучувајќи го и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, како и претпазливоста на самите Курди, доведоа до тоа Трамп конечно да се откаже од идејата, пишува „Тајмс оф Израел“.

Патем, Трамп постојано тврди дека Соединетите Американски Држави им доставиле оружје на Курдите, кои наводно го задржале наместо да го користат во борбата против Иран.

„Искрено кажано, Курдите нè изневерија. Не се согласив со таа одлука. Велев: „Не, не верувам дека ќе ја исполнат“, изјави Трамп денес за „Фокс њуз“.

Како што додаде, тој мисли дека го задржале американското оружје за себе.

„Мислам дека е штета, но ќе им го запомнам тоа“, додаде Трамп.

Текстот Трамп: „Нè изневерија, ќе им го запомнам тоа“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top