(Видео) Јапонија за прв пат ја лансираше ракетата H3 напојувана исклучиво со мотори на течно гориво

(Видео) Јапонија за прв пат ја лансираше ракетата H3 напојувана исклучиво со мотори на течно гориво

пред 12 часа

Јапонија денес успешно ја лансираше ракетата H3, првата што полета користејќи само мотори на течно гориво, објави новинската агенција Кјодо, повикувајќи се на Јапонската агенција за вселенски истражувања (JAXA). Ракетата беше лансирана од вселенскиот центар Танегашима во југозападна Јапонија околу 9:55 часот по локално време, носејќи шест мали сателити во орбитата. Лансирањето беше одложено за два дена поради неповолни временски услови.

Ракетата H3 полета со три главни мотори на течно гориво, без засилувачи на цврсто гориво. Според JAXA, станува збор за поедноставна конфигурација што е полесна и поевтина од другите верзии на ракетата. Шесте сателити вклучуваа Умицубаме, сателит од Токискиот институт за наука дизајниран да го набљудува океанот со помош на камера со високи перформанси, и Шираито, сателит од Универзитетот Шизуока кој ќе тестира технологија за отстранување на вселенски отпад.

$bp(“TargetVideo_81245047”, {“id”:”26456″,”width”:”762″,”height”:”429″,”video”:”2662072″,”autoplay”:0,”shared”:true});

„Честитки до нашите партнери во JAXA за успешното лансирање“, напиша шефот на НАСА, Џаред Исакман, на социјалната мрежа X. Успешното лансирање е важен поттик за вселенската програма на Јапонија по неколкуте неодамнешни неуспеси.

Мисијата на ракетата H3 во декември не успеа да постави сателит во орбитата, додека првиот лет на ракетата во март 2023 година заврши со неуспех откако моторот од втората фаза не се запали. Лансирањето на ракетата H3 број 6 беше дополнително одложено откако беше откриен технички проблем за време на минатогодишниот тест на моторот, според Кјодо.

Текстот (Видео) Јапонија за прв пат ја лансираше ракетата H3 напојувана исклучиво со мотори на течно гориво е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top