Тамара Тодевска ја објави „Кукла жива“: Песна што ме расплака, ме врати во живот и ми го покажа патот кон новата ера

Тамара Тодевска ја објави „Кукла жива“: Песна што ме расплака, ме врати во живот и ми го покажа патот кон новата ера

пред 6 часа

Македонската поп-ѕвезда официјално ја објави својата нова песна „Кукла жива“, која претставува носечки сингл од истоимениот албум и, според неа, најличниот музички проект во досегашната кариера.

Станува збор за емотивна и моќна композиција инспирирана од нејзиниот животен и професионален пат, исполнет со успеси, падови, критики, пофалби и постојана борба за зачувување на сопствениот идентитет во свет преполн со очекувања и предрасуди.

Уште со првите стихови – „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават…“ – песната испраќа силна порака за притисокот што јавните личности, но и многу жени и девојки, секојдневно го чувствуваат од општеството.

Песна во која ќе се препознаат многумина

Според Тамара, „Кукла жива“ не е само нејзина лична приказна, туку приказна на сите оние кои биле принудени да се вклопуваат во туѓи очекувања наместо да живеат според сопствените желби.

„Кукла жива е песна на мојот живот. Истовремено е и многу моќна, но и автентична, силна и суптилна. Ова не е само мојата приказна, туку приказна на многу девојки, жени, а верувам и мажи кои секојдневно се соочуваат со наметнати стандарди за успех и вредност. Ја почувствував уште од првиот момент. Ме расплака, ме врати во живот и ми го покажа патот кон новата ера. Во тоа е моќта на оваа песна“, изјави Тодевска.

Авторски тим и силна продукција

Музиката и текстот за „Кукла жива“ се потпишани од Тамара Тодевска и , додека за музичката продукција е заслужен Емин Џијан.

Видеоспотот е реализиран под режисерската палка на Мартин Трајановски и продукцијата Takat Studios, кои визуелно ја доловуваат емоционалната и симболична порака на песната.

Од повеќе од 30 песни избрана токму „Кукла жива“

Коста Петров открива дека процесот на создавање на новиот албум бил долг и интензивен, а во текот на работата биле создадени повеќе од 30 композиции.

Сепак, токму „Кукла жива“ останала песната што најсилно ја отсликува суштината на Тамара како уметник и човек.

„Ако треба да изберам една песна што најдобро ја опишува Тамара како уметник, како жена и како личност, тогаш тоа е ‘Кукла жива’. Од повеќе од 30 создадени песни, токму оваа композиција остана онаа што најсилно го дефинира албумот и неговата порака“, истакна Петров.

Прв визуелен албум создаден во Македонија

„Кукла жива“ е насловна композиција од истоимениот албум кој содржи вкупно десет нови песни.

Проектот веќе привлекува внимание и поради фактот што се најавува како прв визуелен албум создаден во Македонија, концепт кој комбинира музика и визуелна приказна во единствено уметничко дело.

Во наредните месеци Тамара постепено ќе ги објавува и останатите песни од албумот, а секоја од нив ќе добие свое визуелно претставување.

Голем концерт во „Борис Трајковски“

Круна на целиот проект ќе биде големиот концерт и официјалната промоција на албумот, закажани за 3 октомври во арената во Скопје.

Со „Кукла жива“, Тамара Тодевска отвора ново поглавје во својата кариера, испраќајќи искрена и силна порака за слободата да се биде свој, без разлика на критиките, очекувањата и наметнатите општествени правила.

Судејќи според првите реакции на публиката, новата песна веќе се издвојува како едно од нејзините најемотивни и најискрени музички остварувања досега.

Share
Scroll to Top