Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека е во заеднички интерес на САД и Европската Унија европските граѓани и компании да имаат безбеден пристап до најдобрите модели на вештачка интелигенција.
Говорејќи на ручек со лидерите на Г7 и претставници на технолошки компании, Фон дер Лајен истакна дека САД и ЕУ користат меѓусебно доверлива технологија и имаат тесно поврзани финансиски системи.
„Во наш заеднички интерес е нашите граѓани и компании безбедно да ги користат најдобрите модели на вештачка интелигенција“, рече таа.
Фон дер Лајен ја поздрави и американската практика за обезбедување одговорно воведување на нови и моќни модели на вештачка интелигенција.
Според неа, како што авионите се тестираат пред да полетаат, така и во областа на вештачката интелигенција САД и ЕУ можат да бидат пример за безбедносни стандарди.
Нејзините коментари доаѓаат откако американската компанија „Антропик“ минатата недела го оневозможи пристапот до своите најнапредни модели за странски државјани, по наредба на американската влада.
Компанијата го ограничи пристапот до моделот „Митос“, кој е развиен за откривање пропусти во компјутерски код и зајакнување на одбраната од сајбер напади. Експертите за сајбер безбедност предупредуваат дека ваквите алатки, покрај одбранбената улога, би можеле да се искористат и за забрзување на напади врз технолошки системи, вклучително и оние на банките.
Текстот Фон дер Лајен: Во заеднички интерес на ЕУ и САД е користењето на најдобрите АИ модели е превземен од МАКФАКС.






