Репрезентациите на Чешка и Јужна Африка го отворија второто коло на Светското првенство. На стадионот во Атланта, во рамките на А групата, овие две селекции одиграа без победник 1:1. Претходно во првото коло Јужна Африка убедливо беше поразена од Мексико (0:3), а Чесите загубија од Јужна Кореја (1:2).
Чесите почнаа агресивно од самиот почеток и создадоа две шанси во првите две минути. Иницијативата вроди со плод веќе во шеттата минута, кога Хложек одлично соработуваше со Садилек, а играчот од средниот ред на Чешка ја погоди мрежата на Јужна Африка со прецизен удар.
Африканците се ослободија од притисокот во 12-та минута, кога Аполасис се обиде со шут од далечина, но топката заврши во надворешниот дел од мрежата.
Во продолжението на првиот дел, Јужна Африка имаше неколку ветувачки напади кои не го загрозија сериозно голот на Чешка, но покажаа дека африканската селекција може да биде многу опасна.
По паузата за освежување, Чешка повторно ја презеде контролата. Јужноафриканските фудбалери ја загубија топката длабоко во својата половина во два наврати, но европската селекција не успеа да ги казни грешките на противникот.
Почетокот на второто полувреме го одбележаа Чесите. Дарида и Черв беа првите што се заканија, а потоа Патрик Шик шутираше директно кон јужноафриканскиот голман по корнер.
Чесите продолжија со нападите, а Крејчи имаше нова можност во 53-та минута, кога се обиде со глава по корнер, но без успех.
Со текот на времето, Чешка се повлекуваше сè повеќе и се фокусираше на одржување на минимална предност, а за тоа придонесоа и промените кај тренерот, кои јасно покажаа дека приоритет стана одбраната на сопствениот гол.
Казната дојде во 83-та минута. Топката го погоди Павел Шулц во раката во шеснаесетникот, а Тори Пенс без двоумење покажа кон пеналот.
Одговорноста ја презеде Тебохо Мокоена, кој беше сигурен од 11 метри и му донесе голем бод на својот национален тим.
Во судиското продолжение од второто полувреме, двата тима имаа шанса за победа. Прво, Провод се закани за Чешка, но не успеа да го совлада голманот на Јужна Африка, а од другата страна, Макопо имаше одлична шанса да го комплетира пресвртот, но остана непрецизен.
Чешка повеќе ќе жали за пропуштената победа. Во поголемиот дел од натпреварот, таа беше подобар противник, создаде повеќе шанси и се чинеше дека го контролира натпреварот, но одлучи да се повлече прерано. Јужна Африка трпеливо чекаше на својата шанса, ја искористи на крајот заслужено стигна до првиот бод на Светското првенство.
Foto/ EPA






