Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изјавил дека не бил заинтересиран за европска Супер лига. Англиските медиуми пред неколку дена објавија дека оваа лига ќе ја покрене ФИФА, што ќе значи карај за Лигата на шампионите. ФИФА во овој проект, според овие извори, ќе влезела со 6.000.000.000 долари. Наводно, учеството во Супер лигата го потврдиле Манчестер Јунајтед и Ливерпул, а блиску до потврден одговор биле и од Реал Мадрид.
Првиот човек на ФИФА, Инфантино, во интервју за „Аргауер Цајтунг“ рекол дека светската куќа на фудбалот е сконцентрирана на Светското клупско првенство кое во новиот формат, со 24 екипи, ќе се одржи во 2022 година.
„Како претседател на ФИФА сум заинтересиран за Светското клупско првенство, а не за Супер лигата. Тука не се работи за натпревар помеѓу Баерн и Ливерпул, туку за натпревар помеѓу Баерн и Бока Јуниорс. Ливерпул има 180 милиони навивачи низ светот, Фламенго повеќе од 40 милиони од кои 39 милиони се во Бразил. Ливерпул можеби има 5 милиони навивали во Европа, но во светот за него навиваат 175 милиони луѓе“, рекол Инфантино и дополнил.
„Сакам клубовите кои не се од Европа, во иднина, да бидат привлечни на глобално ниво. Тоа е мојата визија. Сакм да имаме 50 клубови и 50 репрезентации кои би можеле да станат светски шампиони“.