Тенисерите кои нема да го почитуваат карантинот, ќе бидат уапсени и депортирани

Тенисерите кои нема да го почитуваат карантинот, ќе бидат уапсени и депортирани

пред 3 години

Претседателот на Австралија опен, Крег Тајли, ги предупреди сите тенисери и тенисерки кои планираат да дојдат на првиот гренд слем во 2021 година, да ги почитуваат правилата за карантин поради КОВИД-19, бидејќи во спротивност ги чека апсење и депортирање од земјата.

Ѕвездите мораат да останат во своите хотелски соби, и да излегуваат само на тренинзи, две недели откако ќе пристигнат во Австралија. Покрај тоа, постои ограничување на бројот на членови на тимот кои можат да дојдат со нив и сите мораат да ги почитуваат правилата.

„Покрај казни од 20.000 долари, прекршување на протоколот ќе носи дополнителни казни: дисквалификација од турнирот, губење на наградниот фонд, нов карантин и изолација наредена од владата, апсење и депортација. Тенисерите мора да го сфатат тоа за да не бидат вратени дома. Ако некому му пречат овие правила, тогаш подобро да не доаѓа“, изјави Тајли.

Австралија опен треба да стартува на 8 февруари.

Share
Scroll to Top