(Видео) Пожар во облакодер во Мадрид

(Видео) Пожар во облакодер во Мадрид

пред 2 часа

Пожар избувна во облакодерот Торе Моеве во Мадрид, каде што се наоѓа седиштето на шпанската енергетска компанија Moeve.

Поради густиот чад, зградата беше евакуирана, а вработените и другите присутни беа изведени надвор. Според полицијата, пожарот подоцна бил ставен под контрола и нема повредени.

Сведоци изјавиле дека чадот почнал да се шири уште пред да се вклучи противпожарниот аларм. Причината за пожарот засега не е позната.

Текстот (Видео) Пожар во облакодер во Мадрид е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top