Иранскиот претседател: Ако немавме ракети, ќе нè срамнеа со земја како Газа

Иранскиот претседател: Ако немавме ракети, ќе нè срамнеа со земја како Газа

пред 6 часа

Иранскиот претседател Масуд Пазешкијан изјави дека без своите ракети, неговата земја ќе заврши како Газа, велејќи дека програмата за балистички ракети на Иран не е предмет на преговори.

„Да не беа ракетите што ги имаме за наша одбрана, Израел и САД ќе го срамнеа Иран со земја исто како Газа, не покажувајќи милост ни кон старите ни кон младите“, рече тој за време на посетата на Пакистан, кој игра важна посредничка улога во преговорите меѓу Техеран и Вашингтон за траен крај на војната на Блискиот Исток.

„Никогаш, под никакви околности, нема да преговараме со никого за нашите одбранбени капацитети“, додаде тој.

Пред почетокот на војната, САД се обидоа да го вклучат прашањето за балистичките ракети, како и поддршката на Техеран за вооружените сојузнички групи во регионот, во преговорите за нуклеарната програма на Иран.

Во последните денови, американскиот претседател Доналд Трамп остави впечаток дека го омекнал својот став по прашањето за иранските ракети.

„Велам дека е малку неправедно што тие ги немаат, ако другите земји ги имаат“, рече тој на самитот на Г7 во Франција минатата недела.

 

фото/Depositphotos

Текстот Иранскиот претседател: Ако немавме ракети, ќе нè срамнеа со земја како Газа е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top