Скандал на Мундијалот – Капитенот на Зелено’ртските Острови обвинет за силување

Скандал на Мундијалот – Капитенот на Зелено’ртските Острови обвинет за силување

пред 7 часа

Капитенот на Зелено’ртските Острови, Рајан Мендеш, е обвинет за силување.

Овој случај се случил во Нов Зеланд, а бразилскиот „Глобо“ објавува дека станува збор за нивна државјанка која живее во оваа земја.

Сè се случило во март, кога Зелено’ртските Острови играле пријателски натпревари против Нов Зеланд и Чиле. Девојката работела како преведувач на турнирот од серијата на ФИФА, а наводниот инцидент се случил во хотелот каде што престојувала репрезентацијата во Окленд.

Според девојката, Мендеш затропал на вратата од нејзината соба во хотелот доцна навечер, кога таа ја отворила вратата, тој влегол во собата и ја нападнал.

Сè се случило во текот на ноќта по пријателскиот натпревар со Чиле.

Службата за медиуми на полицијата на Нов Зеланд потврди дека постои постапка, но не може да даде дополнителни детали поради истрагата.

Зелено’ртските Острови се квалификуваа за нокаут фазата на Светското првенство, а ќе видиме што го чека Мендес по оваа информација.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top