Манчестер јунајтед го победи Дерби каунти

Манчестер јунајтед го победи Дерби каунти

пред 3 години

Фудбалерите на Манчестер јунајтед забележаа победа во првиот контролен натпревар, пред почетокот на сезоната. „Црвените ѓаволи“, славеа победа 2.1 над Дерби каунти, на чија клупа седи легендата на Јунајтед, Вејн Руни.

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, на овој меч играше со комбиниран тим. Од познатите имиња во составот беа голманот Хитон, Ван Бисака, Мата, Туанзебе и Гринвуд.

Првиот гол го постигна младиот напаѓач Чонг во 17.минута. Во вториот дел откако Солскјер направи девет изнеми во тимот, младиот Уругваец, Пелистри зголеми на 2:0.

Конечниот резултат го постави искусниот Колин Казим-Ричардс во 71.минута.

Share
Scroll to Top