Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека украинските власти не сакаат мир и дека Западот му дал задача на украинскиот претседател, Володимир Зеленски. да ја продолжи ескалацијата на конфликтот.
Таа оцени дека Киев не е независен и дека оние кои му обезбедуваат финансиска, воена и политичка поддршка го насочуваат кон продолжување на војната.
„И покрај реториката за барање решение, Зеленски всушност се обидува да предизвика понатамошна ескалација. Тоа е неговата задача. Тоа е наредбата што ја добил“, изјави Захарова.
Текстот Захарова: Западот му нареди на Зеленски да ја продолжи ескалацијата е превземен од МАКФАКС.




