Ќе ја открива мистеријата на темната материја: Најмоќниот телескоп во светот официјално ја започна својата историска мисија

Ќе ја открива мистеријата на темната материја: Најмоќниот телескоп во светот официјално ја започна својата историска мисија

пред 2 часа

Една од најнапредните и најмоќни астрономски опсерватории во светот – Vera C. Rubin Observatory, официјално ја започна својата работа од планинскиот врв Серо Пачон во Чиле, отворајќи ново поглавје во истражувањето на вселената. Научниците очекуваат дека токму оваа опсерваторија ќе помогне во решавањето на некои од најголемите мистерии на универзумот, меѓу кои се темната материја и темната енергија.

Опсерваторијата ја започна својата амбициозна десетгодишна мисија, во рамки на која секоја вечер ќе го фотографира јужното небо со досега невидена прецизност и длабочина.

Стотици фотографии секоја вечер

Срцето на опсерваторијата е најголемата дигитална камера некогаш изградена за астрономски истражувања. Таа ќе снима стотици фотографии секоја ноќ, создавајќи најдетална мапа на јужното небо во историјата.

Истражувачите очекуваат да бидат регистрирани:

  • милијарди ѕвезди во Млечниот Пат;
  • милијарди далечни галаксии;
  • астероиди, комети и други небесни тела;
  • ретки космички појави кои досега биле невозможно да се следат.

Благодарение на исклучително брзото фотографирање, телескопот ќе снима повеќе последователни фотографии од истите делови на небото, овозможувајќи откривање на многу бледи и брзо променливи објекти што претходно останувале незабележани.

Почеток по повеќемесечни тестирања

Првите тест-снимки беа направени уште минатата година, кога опсерваторијата сними спектакуларни фотографии од маглините Трифида и Лагуна, кои се наоѓаат илјадници светлосни години од Земјата.

По неколкумесечни тестирања, калибрација и проверка на сите системи, опсерваторијата сега е целосно подготвена за својата главна научна програма.

Потрага по одговорите за универзумот

Една од најважните задачи на Vera C. Rubin Observatory ќе биде проучувањето на тоа како се формирале галаксиите, како се групирале во огромни јата низ милијарди години и како се развивал универзумот по Големата

ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА

Податоците што ќе се собираат во следната деценија ќе им помогнат на научниците подобро да ја разберат структурата на космосот и неговата еволуција.

Големата мистерија – темната материја

Опсерваторијата го носи името на легендарната американска астрономка Вера Рубин, која прва обезбеди силни докази за постоењето на темната материја – невидлива материја која не емитува светлина, но со својата гравитација влијае врз движењето на галаксиите.

Научниците се надеваат дека новите набљудувања ќе донесат револуционерни сознанија не само за темната материја, туку и за уште поголемата мистерија – темната енергија, која се смета за главната причина за забрзаното ширење на универзумот.

Проект вреден за иднината на науката

Проектот е финансиран од Националната научна фондација на САД (NSF) и Министерството за енергетика на САД (DOE).

Во текот на следните десет години опсерваторијата ќе создаде огромна научна база на податоци која ќе биде достапна за истражувачи од целиот свет, а астрономите веруваат дека токму оваа мисија може суштински да го промени нашето разбирање на универзумот и да одговори на прашања кои со децении ја предизвикуваат современата наука.

Share
Scroll to Top