(Видео) Емануел Макрон се обиде да ја бакне раката на турската прва дама, нејзината реакција стана вирална

(Видео) Емануел Макрон се обиде да ја бакне раката на турската прва дама, нејзината реакција стана вирална

пред 5 часа

Обидот на францускиот претседател, Емануел Макрон, да покаже почит кон турската прва дама, Емине Ердоган, се претвори во незгоден момент што ја засени неговата официјална посета на Анкара.

Иако главната причина за неговото доаѓање беше дводневниот самит на НАТО посветен на зајакнување на европската безбедност, вниманието на јавноста го привлече снимка од нивниот состанок, која покажа како дипломатските обичаи можат да се разликуваат од земја до земја.

За време на состанокот на државниците и нивните сопруги, Макрон се обиде да ја бакне раката на Емине Ердоган, што во некои култури се смета за знак на почит и учтивост. Сепак, снимката покажа како турската прва дама ја повлече раката во тој момент, јасно ставајќи до знаење дека не сака таков гест.

@istiklalgazetesicom

Fransa Cumhurbaşkanı Macron, eşiyle birlikte resepsiyon ve akşam yemeğine katılmak üzere Cumhurbaşkanlığı Külliyesi’ne geldi. Macron, Emine Erdoğan'ın elini öpmeye çalıştı.

♬ İstiklal Gazetesi – orijinal ses – İstiklal Gazetesi

Снимката повторно го отвори прашањето колку е важно да се познаваат локалните обичаи на дипломатските состаноци. Додека бакнувањето на раката е традиционален знак на галантност и почит во некои европски кругови, во турски контекст таков гест може да се разбере поинаку.

Експертите за дипломатски протокол истакнуваат дека во Турција, под влијание на отоманската традиција и исламските обичаи, воздржаноста и формалноста повеќе се вреднуваат. Затоа, гестовите што изгледаат учтиво или свечено во другите култури можеби не секогаш се добро прифатени.

 

фото/ЕПА

Текстот (Видео) Емануел Макрон се обиде да ја бакне раката на турската прва дама, нејзината реакција стана вирална е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top