Зеленски: Украина ќе добие пакет ракети „ПАК-3“ од САД

Зеленски: Украина ќе добие пакет ракети „ПАК-3“ од САД

пред 3 часа

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека Украина ќе добие пакет ракети-пресретнувачи „ПАК-3“ од САД во наредните денови и додаде дека се постигнати договори со европските партнери за дополнителни испораки на овие ракети.

„Ова беше успешен самит за Украина. Во наредните денови ќе добиеме пакет од Соединетите Американски Држави.

Исто така, постигнав посебни договори со европските партнери.

Сè уште нема датум, но ќе има дополнителни ракети „ПАК-3“, изјави Зеленски пред новинарите кога беше прашан дали Украина ќе добие испораки на ракети „ПАК-3“ од своите партнери по самитот во Анкара, пренесува „Укринформ“.

Тој додаде дека во врска со производството на системот „Патриот“, Украина и американскиот претседател Доналд Трамп постигнаа позитивно решение, пред сè на политичко ниво.

„Сега е многу важно нашите технички групи, сите наши претставници на различни министерства и извршни власти, без одложување да почнат да работат на добивање лиценци и започнување со производство во Украина што е можно поскоро“, рече Зеленски.

Претседателот на Украина изјави по самитот на НАТО во Анкара дека е зголемен бројот на земји кои сакаат да ја видат Украина како членка на Алијансата.

„Мислам дека е зголемен бројот на гласови на оние кои отворено сакаат да ја видат Украина во НАТО. Зошто, затоа што сите истакнуваат дека украинскиот одбранбено-индустриски комплекс е веќе еден од најдобрите во НАТО, како и нашата армија“, рече Зеленски. Тој нагласи дека НАТО признава дека одбранбените капацитети на Алијансата дополнително ќе се зајакнат со Украина.

„Сите ја почитуваат нашата армија, нашата земја, нашите технолошки компании и би сакале да се зајакнат со помош на Украина“, рече претседателот на Украина, пренесува Танјуг. За време на своето обраќање на Форумот на одбранбената индустрија на НАТО во Анкара, Зеленски изјави дека Украина има уникатно искуство со модерно војување и дека нејзините одбранбени и безбедносни капацитети значително би го зајакнале НАТО доколку стане членка на Алијансата.

Текстот Зеленски: Украина ќе добие пакет ракети „ПАК-3“ од САД е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top