Министерот за надворешни работи на Иран, Сеид Абас Арагчи, на платформата Икс објави дека одбранбената доктрина на Техеран е јасна и се заснова на принципот „око за око“.
„Секоја агресија против Иран, вклучително и напади врз нашата инфраструктура, ќе предизвика силен и решителен одговор“, рече Арагчи.
Тој додаде дека „сите оние кои придонесуваат за таква агресија, без оглед на видот на поддршка, исто така ќе се сметаат за легитимни цели“.
Оваа порака доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Иран и Соединетите Американски Држави. Според Ројтерс, американските сили продолжуваат да напаѓаат ирански воени цели, додека Иран извршува напади врз американските бази и целите на неговите сојузници во регионот.
Во исто време, Ројтерс објави дека американските разузнавачки служби ја испитуваат можната улога на Русија во обезбедувањето помош на Иран за време на прецизни напади врз објектите на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) во регионот, но дека сè уште не се донесени конечни заклучоци.
Текстот Арагчи: Нашата одбранбена доктрина е „око за око“ е превземен од МАКФАКС.




