Голем пожар во Франција: eвакуирани околу 20.000 луѓе, изгореа 3.400 хектари

Голем пожар во Франција: eвакуирани околу 20.000 луѓе, изгореа 3.400 хектари

пред 3 часа

Околу 20.000 луѓе се евакуирани од југозападна Франција, каде што голем шумски пожар продолжува да се шири низ регионот Жиронд, јавува BBC. Огнената стихија досега уништила околу 3.400 хектари земјиште во близина на заливот Аркашон.

Во гаснењето на пожарот се вклучени околу 700 пожарникари, а најголем дел од евакуираните се туристи сместени во кампови на полуостровот Леж-Кап-Фере. Властите соопштија дека евакуацијата се одвива без повредени, но предупредуваат дека високите температури и засилениот ветер дополнително ја отежнуваат ситуацијата.

Пожари деновиве беснеат и во Шпанија и Италија. На Сицилија загина пожарникар за време на интервенција, додека во Шпанија оваа година веќе се регистрирани повеќе пожари отколку во целата 2025 година.

Според извештајот на службата Коперникус, Европа е континентот што се загрева најбрзо, а екстремните горештини придонесуваат за сè почести и поразорни шумски пожари.

Текстот Голем пожар во Франција: eвакуирани околу 20.000 луѓе, изгореа 3.400 хектари е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top