Бредли Баркола, одби да го продолжи договорот со Пари Сен Жермен, и според сè, следната негова дестинација ќе биде Премиер лигата. Баркола сака да го напушти клубот, поради жестоката конкуренција на неговата позиција.
Ливерпул засега покажува најголем интерес. Пари Сен Жермен реагираше и постави цена за крилниот напаѓач од 170 милиони евра.
Ако ова е премногу за Ливерпул, шампионот на најсилната лига во светот сака да ја искористи шансата. Арсенал моментално е во „лов“ на Винисиус Жуниор, а доколку тој трансфер на „Емирати“ не се реализира, тие се подготвени да го насочат вниманието кон Баркола.
Баркола кариерата ја започна во Академијата на Олимпик Лион, во Пари Сен Жермен е од 2023 година. Минатата сезона, на 49 натпревари, постигна 13 гола и запиша седум асистенции.
Foto/ Depositphotos






