Вили Вебер се жали: Корина Шумахер ме „избриша“

Вили Вебер се жали: Корина Шумахер ме „избриша“

пред 3 години

Пораешниот долгогодишен менаџер на Михаел Шумахер, Вили Вебер, открива дека сопругата на Ф1 легендата, Корина Шумахер го „избришала од животот“ по тешката повреда на Шуми при инцидентот на скијање во декември 2013.

Вебер, кој неодана издаде автобиографија под наслов „Benzin im Blut“ (бензин во крвта), открива дека последен пат контактирал со Шумахер неколку недели пред неговата несреќа во 2013, кога седумкратниот Ф1 шампион доби сериозни повреди на мозокот.

„До ден денеска, ниту телефонски повик, ниту писмо. На тој ден со огромна болка, таа ме избриша од нејзиниот живот. Како да останав потрошена гума по сите тие години. Зошто не ми дава да го видам Михаел? Зошто ме казнува? Направив грешка. Тогаш веднаш не отидов во болница. Ги видов сите луѓе таму и мислев дека ќе пречам. Требаше веднаш да бидам таму“, вели 79-годишниот Вебер.

Share
Scroll to Top