„Добро сум, ќе ти се јавам утре“ – последната порака на Русинката пронајдена мртва во Белград

„Добро сум, ќе ти се јавам утре“ – последната порака на Русинката пронајдена мртва во Белград

пред 3 часа

Русинката Људмила Туркова Константиновна (28), чие тело беше пронајдено во куфер покрај каналот Визељ во белградската населба Падинска Скела, допатувала во Србија само еден ден пред да исчезне.

Според нејзината мајка Јулија, Људмила во Белград дошла туристички, за да ги посети пријателките кои веќе извесно време живеат во српската престолнина. Таа изнајмила стан на една недела.

Последен пат се јавила на 25 јули околу 23:20 часот, кога ѝ испратила порака на мајка си дека е со пријатели, дека е добро и дека ќе ѝ се јави следниот ден.

„Ми напиша дека е излезена со пријателите, дека сè е во ред и дека ќе ме повика утре. По тоа повеќе не ми се јави“, изјавила нејзината мајка за рускиот портал 360.ru.

Нејзината пријателка го пријавила исчезнувањето во полиција, откако Људмила не се вратила во изнајмениот стан и не дошла да ги земе своите лични работи. Според нејзините информации, вечерта кога исчезнала планирала да оди во ноќен клуб во белградската општина Палилула.

Телото на Људмила беше пронајдено неколку дена подоцна во куфер покрај каналот Визељ. За убиството е осомничен 25-годишен турски државјанин, кој беше уапсен на белградскиот аеродром додека се обидувал да ја напушти Србија. Истрагата за случајот продолжува.

Текстот „Добро сум, ќе ти се јавам утре“ – последната порака на Русинката пронајдена мртва во Белград е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top