Рубио: Иран никогаш не се соочил со претседател како Трамп, наскоро нова иницијатива за Украина

Рубио: Иран никогаш не се соочил со претседател како Трамп, наскоро нова иницијатива за Украина

пред 3 часа

Американскиот државен секретар Марко Рубио оцени дека Иран никогаш досега не се соочил со американски претседател како Доналд Трамп, кој, како што рече, презема конкретни чекори наместо само да испраќа пораки.

„Мислам дека иранскиот режим никогаш не се соочил со претседател како Трамп, со некој што навистина презема конкретни чекори. Последните 20 или 30 години беа навикнати да им се толерираат лагите, прекршувањето на договорите и измамите со кои доаѓаа до спогодби, не само од САД, туку и од остатокот од светот“, изјави Рубио во интервју за Fox News.

Осврнувајќи се на војната во Украина, Рубио најави дека Вашингтон во наредните недели ќе покрене нова дипломатска иницијатива за обновување на мировните разговори меѓу Москва и Киев.

„Во следните неколку недели ќе видите иницијатива за повторно да ги започнеме разговорите меѓу двете страни и да ставиме крај на оваа војна. Свесни сме дека и двете страни имаат цврсти црвени линии и додека не успееме барем малку да ги приближиме, нема да бидеме блиску до решение“, рече Рубио.

Тој се осврна и на односите меѓу САД и Кина, предупредувајќи дека евентуален конфликт меѓу двете најголеми светски економии би имал сериозни последици.

„Секој конфликт меѓу САД и Кина, без разлика дали економски или, не дај Боже, воен, би бил катастрофален и за двете земји, но и за целиот свет. Мораме внимателно да управуваме со тие односи, но без да ги жртвуваме сопствените национални интереси“, изјави американскиот државен секретар.

Текстот Рубио: Иран никогаш не се соочил со претседател како Трамп, наскоро нова иницијатива за Украина е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top