Американската морнарица на граница на капацитетите: нема доволно разурнувачи за одбрана на Израел

Американската морнарица на граница на капацитетите: нема доволно разурнувачи за одбрана на Израел

пред 3 часа

Водечкиот американски генерал во Европа, Алексус Гринкевич, предупредил дека американската морнарица нема доволно капацитети за долгорочно да продолжи со одбраната на Израел од балистички ракети, што открива колку војната со Иран ги оптоварила воените ресурси на САД.

Гринкевич, командант на Европската команда на американската војска (EUCOM), во интерна комуникација со Пентагон посочил дека без дополнителен разурнувач, американската војска ќе мора да даде приоритет на одбраната на територијата на САД наместо на заштитата на Израел, објави „Вашингтон пост“.

Според американски официјални лица запознаени со комуникацијата, предупредувањето е испратено во период кога конфликтот со Иран влегува во петтиот месец, а интензивните воени операции веќе ги намалуваат резервите на клучно одбранбено вооружување.

Американската морнарица е под дополнителен притисок поради блокадата на иранските пристаништа и операциите околу Ормутскиот Теснец, откако Техеран го затвори овој клучен поморски коридор за транспорт на нафта и стоки.

Американските разурнувачи во источниот Медитеран со години се важен дел од одбраната на Израел. Тие се опремени со моќни радари и ракети-пресретнувачи, со кои пресретнуваа балистички ракети истрелани од Иран, но и од јеменските Хути, поддржани од Техеран.

Во моментов американската морнарица има пет разурнувачи стационирани во шпанската база Рота, а шести треба да пристигне до крајот на годината. Сепак, високото оперативно темпо довело до проблеми со одржувањето на бродовите.

Според анализите на Пентагон, американските системи како THAAD и ракетите-пресретнувачи од бродовите одиграле клучна улога во одбраната на Израел од иранските напади.

Во Средоземното Море моментално се распоредени разурнувачите USS Paul Ignatius и USS Roosevelt, додека во базата Рота се наоѓаат уште три брода. Дополнителни американски сили, вклучително и носачи на авиони и десетици воени бродови, се распоредени поблиску до Иран.

Експертот за противракетна одбрана Том Карако од Центарот за стратешки и меѓународни студии предупреди дека ваквата ситуација покажува колкав притисок создава долготрајната војна врз американските капацитети.

„Воена состојба неизбежно влијае врз борбената подготвеност и ги троши резервите на муниција“, изјави Карако, додавајќи дека клучното прашање е: „Која е стратегијата понатаму?“

Текстот Американската морнарица на граница на капацитетите: нема доволно разурнувачи за одбрана на Израел е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top