Американскиот претседател Доналд Трамп најмалку седум пати јавно се заканил со напади врз иранска цивилна и енергетска инфраструктура, а потоа ги одложил или откажал во надеж дека ќе ги поттикне преговорите со Техеран, објави „Еј-би-си њуз“.
Последниот таков случај беше во саботата, кога Трамп соопшти дека се откажува од напад врз иранската енергетска инфраструктура. Истовремено предупреди дека САД и натаму се подготвени за воена акција доколку не се постигне договор.
Според „Еј-би-си њуз“, од март наваму Трамп повеќепати најавувал напади врз Иран, а потоа ги одложувал поради тековни разговори или барања од посредници. Иран, пак, во повеќе наврати негираше дека води директни преговори со САД.
Текстот „Еј-би-си њуз“: Трамп седум пати се закани со напад врз Иран, па се повлече е превземен од МАКФАКС.




